Почина пејачката на Кранберис

На 46 години ненадејно во Лондон почина ирската пејачка Долорес О Риордан. Веста за смртта на главниот вокал на Кранберис е потврдена од нејзиниот портпарол. Не е објавена причината за нејзината смрт. Таа беше главен вокал на бендот, кој минатата година издаде нов албум Something Else и планираше негова турнеја во Европа и Северна Америка. Долорес беше дел од бендот цели 13 години, се до 2003, кога направија пауза, за повторно да се обединат во 2009. Ирскиот претседател изјави дека смртта на Долорес е голема загуба. Според информацијата која ја пренесе Гардијан, веста ги шокирала и нејзините блиски и нејзините фанови. Семејството побара разбирање од обожавателите и медиумите во овој исклучително тежок момент. Телото на пејачката е пронајдено во хотел во Лондон.