,

По обвинувањата, „ЊУЈОРК ТАЈМС“ го откажа настанот со Џејмс Франко

По обвинувањата, „ЊУЈОРК ТАЈМС“ го ОТКАЖА НАСТАН СО ЏЕЈМС ФРАНКО Весникот „Њујорк Тајмс“ го откажа јавниот настан со актерот Џејмс Франко. Откажувањето е само по неколку дена, откако добитникот на Златен глобус беше обвинет за сексуално вознемирување. Настанот требаше да го претстави филмот „Катастрофалниот уметник“, кој е режиран од Франко. Во филмот глумат тој и неговиот брат Дејв. „Њујорк Тајмс“ соопшти дека како резултат на контроверзите околу неодамнешните обвинувања, одлучиле да го откажат настанот.