,

ПО ПРИМЕР НА ПОЗНАТИТЕ: Кој ќе го шие невестинскиот фустан на Меган Маркл?

Израелскиот дизајнер Инбал Дрор потврди дека добила нарачка од Кенсингтонската палата за невестинскиот фустан на Меган Маркл, свршеничката на британскиот принц Хари. Меган Маркл веќе добила скица за одобрување. Дрор создавака тоалети за ѕвездите како Бијонсе и Наоми Вотс. Нејзините модели имаат многу орнаменти, обично имаат проѕирен елемент и големо деколте. Брендот е познат во САД, но во Британија нејзините тоалети се достапни само во еден бутик. Викторија Бекам, исто така, сакаше да го сошие свадбениот фустан на Меган Маркл. Хари и Меган ја објавија нивната во ноември. И двајцата и 'кажаа на јавноста дека предлогот за брак дојде кога подготвувале пилешко во палатата Кенсингтон. Врската ја започнале само пред една година и половина - во јули 2016 година. Неколку недели по нивниот прв состанок, двајцата поминале неколку одлични денови во Боцвана, а потоа направија максимални напори да не поминуваат повеќе од две недели без да ги видат. Во есента оваа година, Хари ја претстави Меган пред својата баба Елизабет, а во почетокот на ноември дојде предлогот за брак. Свадбената забава ќе биде на 19 мај 2018 година, во прекрасната катедрала Свети Ѓорѓи во Виндзорската палата.