,

ПРВ ДИЗАЈН ХОТЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Во пријатна атмосфера, на 20.12.2017г. се отвори хотелот „Панорамика“ – првиот дизајн-хотел во Македонија. Сместен во населбата Водно, во непосредна близина на стариот хотел „Панорама“, Македонија за првпат го доби концептот на дизајн-хотел: дизајниран од врвни архитекти, со внимателен и уникатен пристап и на ентериерот и на екстериерот. Хотелот има капацитет од 100 гости, односно, 40 соби, 2 претседателски апартмани, фитнес-сала, спа-центар и за можност за надополнување со електрична енергија на возилата кои се движат на електричен погон. Со тоа, хотелот „Панорамика“ нуди нешто сосема ново во светот на хотелиерството, угостителството и заштита на околината.