Прегратката нема да влијае на твоето здравје

Македонската фармацевтска асоцијација (MPSA) секоја година по традиција, организира кампања за светскиот ден на сидата. Целта е подигање на свеста помеѓу луѓето за оваа болест, но и сопирање на незнаењето и шпекулациите кои се шират. Година тоа го направија со црвената лента, која е симболот на денот. Тие направија групна фотографија со која ја пренесуваат пораката: „Прегратките нема да влијаат на твоето здравје“. Сите студенти од факултетот работеа напорно со голем ентузијазам. Беа многу активни во текот на целата недела. Тие порачуваат гласно: НИЕ СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ СИДАТА, НО НЕ ПРОТИВ ЛУЃЕТО СО СИДА.