,

Предновогодишна турнеа на Маша и Медо низ Македонија!

Поради големиот интерес за спектакуларната детска претстава, направена по истоимениот цртан филм „Маша и Медо“, освен настапот во Скопје, организирана е и мини турнеа низ другите градови во Македонија.

Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску.

Претставите ќе се одржат на:

16. декември 2017 (сабота) - 17 часот – Скопје - Вип Арената Борис Трајковски (која ќе биде целосно пренаменета и приспособена за оваа намена);

17. Декември 2017 (недела) – 12 часот – Прилеп - Дом на култура Марко Цепенков

17. Декември 2017 (недела) – 18.30 часот – Битола – Центар за култура

Претставите ќе биде синхронизирана на македонски јазик.