,

Предновогодишно Бизнис кафе Македонија со мотивирачки искуства, нови идеи и позитивна енергија

На 06.12.2017г. од 18:00 чaсот во Next Bar & Food  (поранешно Every day)  ќе се одржи 2-тото по ред Бизнис Кафе Македонија.

Гости на настанот ќе бидат: Младен Чадиковски, главниот и одговорен уредник на Телевизија24, Донка Марковска, директорка на сектор за финансиско управување во НЛБ Банка и младата Ива Спасовска, сопственик на модното атеље Iva Spasovska Atelier.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат едно кафе и вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

 ​Картите по цена од 300 ден., ќе можете да купите:

- online на https://www.kupikartizase.com/Events/business_cafe_26 - На фактура пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или - Директно на трансакциска сметка: 210 - 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис