,

ПРЕЗЕНТЕРКА СЕ ПОРОДИ ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО: Слушателите избраа име за детето

Кесиди Проктор, aмериканската радио презентерка се породи во програма во живо. Taa работи во радио станица од Сент Луис,  Мисури и  сакала да го сподели моментот на раѓање на нејзиниот син со слушателите. Таа дозволила публиката да избере име за бебето со телефонско гласање. Најмногу гласови имало за името Џејмисон кое е избрано меѓу 400 предлози. Keсиди се породила со царски рез, а медицинската сестра цело време го држела телефонот додека презентерката го коментирала сопственото породување. Во исто време биле отворени и телефонските линии за коментари на слушателите. Проктор  вели дека имала прекрасно искуство.