,

Премиерната изведба на вториот лиценциран мјузикл во МНТ, „MAMMA MIA“!

Мјузиклот MAMMA MIA е еден од најпознатите наслови во музичкиот жанр, а нумерите се најголемите хитови од Шведската група АББА, по музика и текст на Бени Андерсон | Бјорн Улвеус | текст: Кетрин Џонсон. Приказната е на Џуди Крејмер. Премиерата на македонската верзија на овој мјузикл, е закажана за 24 декември 2017 година со почеток во 20 часот. Режијата е на Наташа Поплавска, која после големиот успех на првиот лиценциран мјузикл „Чикаго“, повторно се потпишува како режисер. Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.Фактот што над 50 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музиката ја чини  „MAMMA MIA! “претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите! Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ ги враќа назад на островот тројцата мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години. Носечката улога на Софи Шеридан, девојката која е пред мажење и која е во потрага по нејзиниот прав татко, ја реализира младата актерка Нина Деан. Нејзината мајка Дона Шеридан ќе ја игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, најдобрите пријателки на Дона ги играат актерките Арна Шијак, Тања Кочовска, додека улогите на татковците Сем, Бил и Хари ќе ги играат актерите: Кире Ѓоревски, Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски ќе ја игра улогата на Скај, вереникот на Софи. Во поделбата на актерската екипа се и: Александра Павлова, Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Учествуваат и голем број на танчари и хористи, како и бенд во живо.Препевот и преводот на текстот од англиски на македонски е на Тина Трпкоска, диригент е Бисера Чадловска, кореограф: Олга Панго, сценографијата е на Александар Дениќ, костимограф е Роза Трајческа - Ристовска, инструктори за пеење и вокал се Ана Костадиновска и Сара Николовска, извршен продуцент: Симона Угриновска, прво пијано и корепетитор на солисти и хорски ансамбл: Билјана Петровска, дизајн и маркетинг супервизор: Емил Петров, инспициенти: Вукица Александрова.