Претвори ги раните во сила

Претвори ги раните во сила. Претвори ја болката во сила. Претвори ги измамите, омаловажувањата, потценувањата, потсмевањата на другите во сила. 

Секоја тешкотија претвори ја во сила. Наместо да плачеш над нив, претвори ги своите лузни во сила и ќе ја сфатиш смислата на сите тие лоши работи во својот живот. Веќе нема да кукаш над ситните јадови низ кои си поминала или кои ти се случуваат, туку од нив ќе извлекуваш лекции кои ќе те водат напред низ животот. 

Претвори ги раните во сила. Претворај ги кризите во моменти на преображение, своја физичка, ментална, емоционална и духовна преобразба. Немој да се прашуваш колку тие уште треба да траат. Треба да траат оноколку колку што тебе ти е потребно од оваа личност која сега си да станеш личност која треба да бидеш. Треба да траат оноколку колку ти е потребно со нив да ги залечиш некои стари рани и трауми и да сфатиш дека секоја болка има причина и време на траење. 

Претвори ги раните во сила. Нема брзи промени, нема успеси преку ноќ. Талентот брзо пропаѓа ако нема работа на него. Немој да веруваш во случајноста бидејќи тоа што ти се случува се е подготвена стратегија која мораш да ја поминеш за да дојдеш на другиот крај од својот пат. Ако почнеш да ја отфрлаш болката, нема болката да те одмине, може само да те стигне полоша судбина. Направи го најдоброто од она што си и имаш и нема друг рецепт за успех. 

Претвори ја раната во сила. Секој ден, во сите ситуации, кога ти дојде да побегнеш од се не предавај се без израмнување на сметките. Покажи што умееш и кои се твоите домети на твојата верба во себе и подобра иднина. Само ако така правиш нема да дојдеш во позиција еден ден да се каеш што не си ги искористил сите можности на животот, а си можел. Остани борец до крај и ќе видиш колку ќе те направи посилна она што не те уништило.