,

Приклучете им се на стотиците Телеком корисници во најголемата потрага по скриено богатство

Највозбудливата потрагата по скриено богатство во Македонија која што ја најави Македонски Телеком кон крајот на минатата недела предизвика голем интерес кај граѓаните.  За само неколку дека, стотина слики од корисници кои ја изведуваат буквата “Х”, што го симболизира бројот на најновиот модел на Apple iPhone 10, се најдоа во галеријата на веб страницата osvojX.mk. Најпосакуваниот iPhone X е скриеното богатство што ќе ги вклучи корисниците на Македонски Телеком во досега најголемата и најинтересна потрага во Македонија. Доколку сакате да им се приклучите на стотици корисници на Македонски Телеком и да се запознаете со деталите во врска со потрагата, сè што треба да направите е да се регистрирате на веб страницата osvojx.mk. Големата потрага по најновиот модел на Apple, iPhone X е закажана за 26.11.2017 година, недела во 11 часот на Плоштад Македонија во Скопје. Apple во една година лансираше три супер моќни смартфони, но долгоочекуваниот iPhoneX убедливо е миленик на корисниците ширум светот, вклчително и на македонските граѓани. Овој телефон, којшто е најдоброто нешто од Apple досега, доаѓа симболично на 10 години од промоцијата на првиот iPhone кој го претстави Стив Џобс. iPhone X, иднината на паметните телефони, којшто се одликува со револуционерен нов дизајн со фантастичен дисплеј којшто е целиот екран, безжично полнење и неверојатна задна камера со двојна оптичка стабилизација на сликата. Апликацијата Face ID е уште еден одличен новитет кај iPhone X кој ги препознава цртите на лицето на сопственикот и со него може да се отклучи смартфонот, како можност за обезбедување поголема безбедност. Повеќе информации за правилата на потрагата за iPhone X може да се најдат на osvojx.mk. Заинтересираните,  можат да ја следат возбудата и на фан страницата https://www.facebook.com/TelekomMK/.