Примабалерината Ирена Ветерова е родена на денешен ден

  Таа е идол на многу девојчиња кои сонуваат да станат балерини. Ирена Ветерова својата балетската наобразба ја добила при МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на Елисавета Кушовска. Таа е примабалерина на Државниот балет во Висбаден, која ја освојува светската балетска публика. Врз своето усовршување работела со познати балетски имиња како Маја Плисецкаја, Петар Шауфус и др. Во 2009 година ја добила наградата „Менада“ која се доделува на најзаслужните балетски уметници во Македонија. Ирена е дел од многу балетски претстави, меѓу нив посебно би ја издвоиле Жизел. Како свој партнер на сцена, често го бира рускиот балетан Александар Монахов.