,

Пролетни модни трендови за 2018-та година

Иако зимата е сѐ уште присутна, модните креатори веќе со полна пареа работат на пролетните и летните колекции. Во изобилство на креативност и разни контрасти од бои, сепак стиловите се мешаат но остануваат доследни на последниот збор на модниот креатор. Како секоја сезона па така и оваа, пастелните бои се неизбежни, каде покрај нив на модните писти ќе ги забележите и пригушeните или народно кажано загaсити тонови на бои. На модниот викенд во Лондон, сатенот беше неизбежен поради две причини: најпрвин бидејќи совршено ја отсликува и возвишува женската фигура, и втората причина e неговиот бисерен сјај и леснотијата на носење, притоа правејќи го удобен за носење во текот на целиот ден и ноќ. Hauteдeнимот беше доста голема инспирација за дизајнерите оваа година. Создадоа фармерки во haute couture стил, кои воедно можете да ги носите на било која гала манифестација. Пeчатот е секогаш присутен, а светската метропола Лондон познат по својата ексцентричност, уште еднаш ни докажа дека во играта на мешањето на statement bold принтови се навистина модни махери. Од разноразна игра на принтови на точкест принт наспроти цветен, до лежерени варијации и препознатливиот принт на Burberry, палетата на принтови за оваа сезона е доста разнобојна. Ресите беа главен акцент на Миланската модна недела, каде модните писти беа преплавени со разни креации од реси. Креатори како Bottega VenetaSalvatore Ferragamo и Marco De Vincenzo создадоа модни парчиња, што се одличен избор за некоја коктел забава. Светските култури одамна се голема инспирација на модните креатори, па така оваа година не запознаваат со „Јaponica каде големите струкирани кинески колани, како и препознатливото кимоно во различни стилови, а додека креациите на BlumarineAlbino TeodoroJil Sander и Gucci продефилираа на модните писти во Милано. Кога ќе се спомене тулот, секогаш не асоцира на нешто весело или на детските години кога сите бевме принцези и слатки балерини. Оваа пролет, тулот ни најмалку не е изоставен од модните писти, а главен симбол на многуте модни шоуа беше токму тулот. Своите принцези во тул ги облекоа модните дизајнери како VivettaFausto Puglisi, Brognano, Antonio Marras. Утилитарен или во превод удобен и практичен стил беше исто така дел од модните збиднувања за оваа пролет. Многубројните џебови и патенти се вклопија совршено во пролетните модни трендови. Оваа година, пролетта најавува принтови и враќање на модата од 90-те години, Американскиот сон пресликан на платно, ветровки во пастелни бои, транспарентност и уште многу други стилови во најава. За вас, ги издвоивме дел од пролетните модни трендови за оваа сезона.
За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com