,

Промоција на новиот парфем MAJAINA Sin од компанијата The Different Company во Anabella

Вчера, 07.12 Декември во парфимеријата Anabella во центарот на градот, се одржа промоција на парфемот MAJAINA Sin дел од престижната колекција L'ESPIRIT COLOGNE на компанијата The Different Company Париз, Франција. Luc Gabriel CEO и сопственик на компанијата The Different Company ги запозна присутните со историјата на брендот и при својата презентација направи вовед во процесот на изработка на парфемите. Тој посочи дека името на оваа компанија не е случајно. The Different Company - Целосно внимание посветува на изборот на суовините, квалитетот на парфемот и финалниот производ вклучувајќи ја изработката, дизајнот на шишето и пакувањето до најмал детал. Изјави дека разликата е во самите парфеми, во изборот на состојките, развојот на мирисот и чувството кое го предизвикува секој мирис. Елеганцијата во потписот, односно елеганцијата во мирисот е она кон тоа што оваа компанија цели. Секој парфем од овој бренд буди различни чувства, бидејќи пред се, најважно е чувството, а потоа изгледот. Моќта на парфемите од The Different Company е во чувството на елеганција кои тие го предизвикуваат. Поканети на настанот беа неколку медиуми на кои им беа презентирани парфеми од оваа компанија и ја имаа можноста и лично да разговараат со сопственикот на компанијата Luc Gabriel. Посебно внимание беше посветено на новиот парфем MAJAINA Sin – дело на креаторката EMILIE COPPERMANN, инспириран од нејзината посета во Мадагаскар.