ПРОФИЛ: Eмилија Апостолска Темов „МУДРА ЖИВОТНА ОДЛУКА НА ЕДНА СЕМЕЈНА ЖЕНА“

Одвојував по 20 евра месечно од својот буџет за полиса која подразбираше долгорочно штедење и истовремено животно осигурување. Во октомври минатата година истече мојата полиса за животно осигурување, а осигурителната компанијата ми изврши поврат на вложените средства заедно со добивка. Емилија денес, чуствувајќи одговорност за иднината на своето семејство одлучила средствата заштедени преку полисата да ги реинвестира повторно склучувајќи полиса за себе, а склучува и полиси за своите две деца. Емилија вели дека тоа е мудра животна одлука што треба да ја направи секој родител без оглед на висината на осигурената сума, односно без оглед на тоа колкави примања имаат родителите. „Како родител мојот главен стремеж е да им подарам сигурна иднина на моите деца. Полисата која сега ја имам ми гарантира  20% оплодување на вложените средства од самиот почеток или 1,7% на годишно ниво. Нешто што е многу блиску и до каматните стапки на девизните влогови во банките, но оваа полиса ми гарантира и осигурување на животот. Емилија објаснува дека особено е значајно за неа тоа што оваа полиса гарантира обештетување во случај на незгоди и повреди и тоа безброј пати во времетраење  на договорот, притоа повторно гарантирајќи поврат на вложените средства заедно со добивка. „Во животот е најважно да ги дочекаш сите моменти подготвен. На полисите гледам како подготвеност да им обезбедам можност на моите деца да не бидат зависни од семејниот буџет по навршување на полнолетството, односно кога ќе се стекнат со право да ги користат вложените средства и добивката.“