РАЗГОВОР СО СРПСКАТА ПЕЈАЧКА АНА НИКОЛИЌ ЗА НАВОДНИОТ РАЗВОД И ЗА ПЛАСТИЧНИТЕ ОПЕРАЦИИ: Нема да остарам додека постои ботоксот

Не сакам брчка, не сакам пукнат капилар, не сакам никаква флека на моето лице, не сакам никаква неправилност. Зошто, кога постои толку напредна медицина и естетска хирургија? Тоа е една од причините поради кои што го сакам 21. век [caption id="attachment_15042" align="aligncenter" width="652"] Имав неколку пластични операции, работев на некои делови од моето тело од кои што не бев задоволна и тука нема ништо лошо.- Ана Николиќ[/caption] Српската пејачка Ана Николиќ и нејзиниот сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ- Раста вчера беа на гости во Скопје, за да го најават нивниот заеднички концерт, кој ќе се одржи на 16 февруари, во ВИП Арената. Го организира „Прагма“ продукција. Во српските медиуми, кон крајот на минатата година, брачната двојка беше актуелна по написите дека се разведува, а изминативе неколку денови истите медиуми пишуваа дека гласините за разводот се само маркетиншки трик. Со заедничкото присуство и блискоста на двајцата на средбата со новинарите во Скопје, Ана и Раста сосема ги демантираа гласините за разводот. „Нашиот приватен живот никогаш особено не сме го истакнувале, повеќе медиумите го пишуваа тоа што го сакаа. Не зборувавме за нашата врска, ниту за нашата венчавка која беше апсолутно тајна, само за најблиските. А што се однесува до тоа дека се разведуваме, никогаш такво нешто не сме изјавиле и не сме се занимавале со тоа, па нема ни сега. Просто не сме во таков филм, изјави Ана Николиќ за Женски Mагазин. Иако е вистина дека скопскиот концерт доаѓа токму по муабетите за нејзината разделба со Раста, таа вели дека настанот ќе биде посебен по други нешта. [caption id="attachment_15045" align="aligncenter" width="640"] Имав неколку пластични операции, работев на некои делови од моето тело од кои што не бев задоволна и тука нема ништо лошо.- Ана Николиќ[/caption] „Не сум прв пат во Скопје, сум гостувала претходно, но ова ќе биде прв пат на голем концерт. Нашите концерти се различни и посебни по тоа што немаме бенд, туку одиме на матрица и со диџеи, нудиме вистинско сценско шоу со многу танчари, врвен визуелен перформанс, лед екрени и перфектен звук. Така што, ова во Скопје ќе биде еден мултимедијален спектакл, а е најава за нашиот следен концерт, во Белград“, изјави Ана. Атрактивната пејачка која ја нарекуваа жена со совршено тело е мета на медиумите и поради нејзината зголемeната тежина последниве месеци, но и поради неколкуте пластични операции за кои секогаш јавно зборува. Јас немам проблем да зборувам за пластичните операции и за силиконите, мислам дека тоа е една сосема нормална и природна работа во 21 век. Имав неколку пластични операции, работев на некои делови од моето тело од кои што не бев задоволна и тука нема ништо лошо. Отворено зборувам и за ботоксот кој редовно го користам, затоа што не поднесувам брчки. И ќе ја направам секоја интервенција која постои денес, затоа што не сакам да видам ниту едно влакно на моето тело. Зошто, кога постои ласерот? Не сакам брчка, не сакам пукнат капилар, не сакам никаква флека на моето лице, не сакам никаква неправилност. Зошто, кога постои толку напредна медицина и естетска хирургија? Тоа е една од причините поради кои го сакам 21. век. Затоа не би можела да се замислам себе си во 18. век на пример. Јас не знам што правеле жените во тоа време, како ги пеглале брчките. Не сум од оние жени кои велат, јас сакам да остарам како катедрала. Не, јас не сакам воопшто да остарам, хахаха“, ни изјави пејачката. [caption id="attachment_15041" align="aligncenter" width="527"] Што се однесува до тоа дека се разведуваме, никогаш такво нешто не сме изјавиле и не сме се занимавале со тоа, па нема ни сега.- Ана и Раста вчера во Скопје[/caption] Таа и Стефан, пред шест месеци станаа родители на Тара. Пејачката ни раскажа дека ова е прв пат таа да ја остави својата ќерка без неа на една ноќ и многу и недостасува. Се изненадив од себе си колку брзо се снајдов со Тара. Во овие први шест месеци за неа се грижев сама, и не дозволив на никого да и пријде. Се чувствувам како да не ми прво дете, како пред неа да сум израснала пет деца, хахаха. Сега, кога се враќам на работа ангажирав професионална помош, ми помагаат други жени, но сепак како и секоја мајка јас најдобро знам да се грижам за своето дете. Ја родив порано, во триесет и седмата недела, и беше многу мала, два килограми и триста грама. Можеби затоа бев исплашена, и не давав на никого да и пријде близу. Таа е цврсто бебе и супер напредува, сега веќе изгледа како да има осум месеци. Ова е прв што морав да се одвојам од неа, со тешко срце, но само на една ноќ“, додаде Николиќ. За крај, таа го најави својот нов албум со Раста кој треба да излезе на есен. [caption id="attachment_15044" align="aligncenter" width="677"] Се изненадив од себе си колку брзо се снајдов со Тара. Во овие први шест месеци за неа се грижев сама, и не дозволив на никого да и пријде. - Ана Николиќ[/caption] За Женски Магазин, Милица Џаровска