РАНКО ПЕТРОВИЌ ПРЕД УТРЕШНОТО ПОПУЛАРНО ШОУ: „Златна Бубамара“ ќе го обои сивилото

Популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“ утре слави американско полнолетство, 21. роденден. „Бубамара“, која со години и беше верна исклучиво на Универзалната сала, а последните две години се одржуваше во Метрополис арената утревечер ќе забавува поширока публика, во ВИП Арената, салата Борис Трајковски. [caption id="attachment_18536" align="aligncenter" width="643"] Предната слика на постерот која е во боја ја прикажува сликата за нас пред јавноста, пред Тв камерите, дека сме први во многу сфери, а црно-белиот дел ја прикажува реалноста зад камерите, сивите облаци и загадениот воздух[/caption] „Ја затворија Универзална, го затворија Метрополис, ни остана само Борис“, вели првиот човек на радио „Бубамара“, Ранко Петровиќ, кој со помош на својот тим и годинава е сценарист на шоуто, кое традиционално ќе го води актерот Сашко Коцев. Годинешниот слоган на забавата е „За подобар живот“. [caption id="attachment_18537" align="aligncenter" width="640"] Водител на шоуто традиционално е Сашко Коцев[/caption] И годинава продолжуваме со нашата мисија која ја градевме изминативе 20 години. Културно да ги обединиме сите луѓе кои се дојдени со иста цел: да слушаат добра музика и да се насмеат. На хумористичен и на сатиричен, нам својствен начин ја раскажуваме целата измината година, а во периодот од ланската, до оваа „Златна Бубамара“ се случија интересни работи, што значи дека повторно имаме добар материјал. Најважно е дека за две децении успеавме да направиме најдобро шоу во Македонија, а и на Балканот, а никој од салата не си отишол незадоволен или со лоша енергија“, ни изјави Ранко Петровиќ. Сценариото како и секоја година се држи во строга тајност. Единствено е познато дека наградата за трајни музички вредности ќе ја добие легендарната пејачка Маја Оџаклиевска, а наградата за животно дело „Октет Македонија“. Петровиќ за „Женски магазин ја искоментира и пораката на годинешниов постер, кој е исто така една од традициите со кои „Бубамара“ се гордее. [caption id="attachment_18533" align="aligncenter" width="650"] „Ја затворија Универзална, го затворија Метрополис, ни остана само Борис“, вели првиот човек на радио „Бубамара“, Ранко Петровиќ.- со ракометарот Стојанче Стоилов кој е чест гостин во шоуто[/caption] „Постерот е дел во боја, дел е црно-бел. Предната слика која е во боја ја прикажува сликата за нас пред јавноста, пред Тв камерите, дека сме први во многу сфери: здравство, образование. А црно-белиот дел ја прикажува реалноста зад камерите, сивите облаци и загадениот воздух. Затоа и ги повикуваме сите пријатели на добрата забава и чистиот воздух да дојдат на „Златна Бубамара“. Ние секоја година го обојуваме сивилото, тоа ќе го сториме и оваа година“, додаде Петровиќ. Без оглед што манифестацијата годинава се одржува во поголем сала, Ранко вели дека повторно се бара билет повеќе, и ова е оној период кога телефонот му се вжештува од ѕвонење за гратис влезници. „Ќе се потрудиме Борис Трајковски“ ќе ја направиме едно големо ТВ студио, а во тоа ни помага екипата за озвучување на „ДВД 5“ и сценографијата која не ја менуваме долги години. Шеф на бендот и оваа година е познатиот музичар Дамир Имери“, ни раскажа Петровиќ и додаде дека е горд што „Златна Бубамара“ опстојала толку години без да заземе страна. „Ние сме секогаш на страната на хуморот и на добрата мисла“, изјави Ранко. [caption id="attachment_18535" align="aligncenter" width="658"] Во периодот од ланската, до оваа „Златна Бубамара“ се случија интересни работи, што значи дека повторно имаме добар материјал.- Ранко со Игор Џамбазов и со др. Неле Карајлиќ[/caption] „Златна Бубамара на популарноста“ почнува во 20 часот, и ќе трае четири часа. Во салата ќе може да се влегува од 18.45 часот. Ќе се доделат 23 награди за најуспешните македонски и балкански јавни личности во повеќе области. Наградите ги доделува Академијата на „Златна Бубамара“, која според Петровиќ е дел иста од минатите години, а дел од неа се нови членови. Александар Митевски, Илија Деспотовски, Тони Манџуковски, Сашко Коцев заедно со мене се „виновни“ за сценариото и оваа година, во консултација со Игор Џамбазов, младите актери Атанас и Тино, Кирил Поп-Христов-КилиБубо, Васко и Бранко од „К-15“ и други наши пријатели“, завршува Петровиќ. За Женски магазин, Милица Џаровска