РАПЕРОТ СЛАТКАРИСТИКА МАГИСТРИРАШЕ: Наскоро ќе станам и доктор

Популарниот македонски хип-хоп музичар Марко Маринковиќ-Слаткар стана магистер. Слаткар магистрираше по односи со јавност на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на УТМС. „Сега, кога магистрирав, се чувствувам дека наскоро треба да станам и доктор“, изјави низ насмевка Слатар за Женски магазин. На прашањето, како неговата сопруга Сања Николиќ реагира на магистратурата, Марко на шега вели: таа гледа во иден доктор. Вчера во Софија, Слаткар снимаше спот како гостин на новиот сингл на познатиот бугарски музичар и продуцент Графа. Слаткар, заедно со Тони Зен, диџеј Гоце Саф и неколку бугарски хип-хоп музичари летово ја одржаа заедничката турнеа One love, во повеќе домашни и бугарски градови. Многу сум задоволен и како артист и ние, „Иноватива“ како продуценти. Овој проект е само почеток, кој ќе препознае-ќе види дека се отвора нов пазар и за двете страни. Патот е изоден, сега треба да се работи на теренот. Со „One love“ докажавме дека има публика и интерес.“, изјави Слаткар за Женски магазин. Милица Џаровска