Секоја чест за индиските лекари.
Индиските хирурзи соопштија вчера дека на еден пациент му отстраниле тумор на мозокот со рекордна величина од скоро два килограми.
Пациентот Сантал Пал, 31-годишен трговец, е опериран на 14 февруари во болницата во Мумбаи, каде му е отстранет туморот.
„Операцијата беше тешка“, рекол началникот на неврохирургија во болницата Тримурти Надкарни и додал дека хируршката интервенција траела седум часа, по што успешно е отстранет тумор од 1,87 килограми.
Хирургот рекол дека тоа е најголемиот тумор на мозок кој му е отстранет на пациент. Болниот полека се опоравува, почнал да оди и сам да јаде.
Претходниот „рекорд“ на тумор бил од 1,4 килограми.