,

РЕЦЕПТ: Божиќни колачиња со кои ќе ги разгалите најблиските

Во текот на празничните денови изненадете се себе и своето семејство со слатки залчиња кои се многу едноставни за подготовка, а изразено вкусни. Денес ви предлагаме да направите Божиќни колачиња со мармалад. 

Состојки: 400 гр. брашно, 200 гр. путер, 100 гр. шеќер, 3 жолчки, 3 лажички павлака 

  Упатство:

Од состојките направете еднаква маса, тесто кое потоа ќе го расукате на дебелина од половина сантиметар. Кога тестото е претворено во „палачинка“, играјте си со калапи. Би било добро да се во облик на елка, ѕвезди, снешковци ... Додека ја пуштата фантазијата на волја и создавате слатка божиќна војска, загрејте ја рерната на 160 степени. Печете ги 15 минути, а потоа извадете ги да се изладат. Откако ќе се изладат поврзете по два исти облици и помеѓу нив намачкајте мармалад по желба. Потоа украсете ги, нацртајте им гранки, очи, уши...бидете креативни. Празници се ближат, опуштете се и шарајте!