,

РЕЦЕПТ: Болоњезе сос

Кога имате мелено месо тогаш болоњезе е одлична идеја. Може да се комбинира со паста или пак да наполните тиквички, модар патлиџан па дури и мусака со болоњезе сос. За овој сос по мој вкус потребно ви е: 600 гр. Мелено месо (говедско) 2 Моркови 1 кромид 2 чешниња лук 2 ливчиња босилок 250 мл. Црвено вино 400 гр. Домат 100 мл. Вода 1 лажица Доматен концентрат 2 лажички мајчина душица Бибер и сол 150 гр. Пармезан 2-3 гранчиња магданос Изрендајте ги кромидот и морковот и динстувајте ги на маслиново масло да омекнат. Додајте го месото и пропржете го додека целосно не потемни. Ставете го виното и гответе додека да испари. Потоа додадете ги доматите излупени и насечкани, лукот зачините, босилокот ситно насечкан и водата и динстувајте на тивко околу 1 час. Тајната за добар болоњезе сос лежи токму во спорото варење. Откако ќе се свари ставете го внатре пармезанот промешајте да се растопи и послужете на паста со свеж магданос или пак со горенаведените примери. А може и да го замрзнете да ви се најде.   За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ