,

РЕЦЕПТ: Здрав чоколаден десерт за Денот на вљубените

Споменав дека оваа недела ќе Ви предложам два рецепти за Валентајн. Овој е малку полесен и побрз од другиот и не се готви. Наменет за љубителите на здрави чоколадни десерти.   Потребно Ви е: 150 гр. Темно чоколадо 150 гр. Црвено овошје (малини, јагоди и капини) 100 гр. Крем сирење (неутрално) Половина манго 30 гр. Мед Силиконски или алуминиумски мафин калапи Во сад на пареа растопете 100 гр од чоколадото. Кога ќе добиете течна смеса тргнете го садот од пареата и додадете ги преостанатите 50 грама. Мешајте да добиете хомогена смеса без грутки. Потоа од чоколадото ставете 2 лажици чоколадо во калапите и движете го калапот да го прелиете од сите страни со чоколадо а на крај свртете го наопаку да истече вишокот чоколадо и ставете го наопаку на чинија со мрсна хартија или штица (изборот е ваш). Истото повторете го и со другиот калап или направете повеќе од 2 во случај да не ви се скрши некој. Откако ќе ги налијте со чоколадо ставете ги во замрзнувачот 20 мин. Додека се ладат калапите во блендер изблендирајте го овошјето и потоа поминете ја смесата низ цедалка за да ги отстраните семињата. Оваа смеса измешајте ја со крем сирењето и медот и оставете ја во фрижидер. Откако ќе се оладат калапите полека и внимателно отстранете ги од чоколадото. Ако работите со алуминиумски засечете ги малку и искинете ги од чоколадото. Поставете ги на чинија, ставете две парчиња тенко насечкано манго и некој цвет и десертот е готов. Среќен ден на вљубените. 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=