,

РЕЦЕПТ: Крем супа со домашни кубети

Крем супите ми се секогаш опција за лесна вечера. Многу често за супа не ви треба рецепт приберете зеленчук од фрижидер ставете зачини, испечете кубети, изблендирајте и вечерата е спремна. За оваа супа потребно ви е: 300 гр. Бело месо (пилешко) 3 компири (мали) 2 лажици пашканат 1 чешне лук
  • (cup) целер
  • (cup) тиквица
половина кромид 200 мл. Овесна хопла Прстофат тумерик Сол и бибер *мерката cup се однесува на првите мерки ⬇ За кубети: 4 Коцки леб (тост лепче) 20 мл. Маслиново 1 лажица кечап 1 лажица мајчина душица 30 гр. Пармезан (ситно изрендан) Сол и бибер Кога готвам прво секогаш се сечкам или рендам да ми биде спремно. Излупете ги тиквичката и компирот, насечкајте ги кромидот, целерот, компирот, лукот и месото а пашканатот изрендајте го. Јас практикувам да ги сечкам ситно за побрзо да се зготват. Во сад на маслиново продинстајте го кромидот потоа додадете го месото и продинстајте уште 2-3 минути мешајќи, прелијте со 1 литар вода и додадете ги пашканатот и лукот. Покријте и варете 20 мин. Потоа додадете ги компирот и целерот и варете уште 20 мин. Откако ќе ги дадете компирот и целерот насечкајте ги лепчињата на коцки. Во маслиновото ставете ги кечапот, зачините. Промешајте убаво и потоа прелијте ги лепчињата, додадете го пармезанот и убаво измешајте за сите лепчиња да бидат намачкани. Печете 10 тина мин (зависно од рерната) на претходно загреана рерна на 200 степени. Откако ќе се испечат оставете да се изладат. Откако ќе пројдат 20те мин за целерот и компирот, додадете ја тиквицата и варете уште 10 минути. Кога ќе се свари супата ставете во блендер или со рачен блендер (стап) додадете ги тумерикот, солта и биберот и изблендирајте да се соедини. Јас блендирам додека сите не се соединат, ама вие можете и да оставите парчиња, како сакате така. Потоа вратете во садот во кој што се готвеше и додајте ја хоплата. И варете уште 5 мин на јак оган. Послужете со кубетите. И уживајте во вкусот 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=