,

РЕЦЕПТ: Мока Салата

Кафе? Не пијам никогаш повеќе од 2 но тие 2 сакам да бидат од убави, квалитетни зрна… За среќа тука има преголем број на кафулиња и ланч барови за сечиј вкус, а јас си го најдов омилениот… Мокарабиа. Пријатна атмосфера, одлично кафе и превкусно мени. Боби Трајковски за кој многу случајно разбрав веќе 2 години е генерален бренд менаџер за Мокарабиа во Катар, бидејќи се познаваме уште од Скопје договоривме средба во еден од нивните локали. Накратко поразговаравме и нивниот шеф ми подготови лесна вечера. Доха е град, преполн со кафулиња, ресторани, чај салони и хотели, како се издвојувате од толпата? Пред сѐ вкусот на кафето е единствен. Се работи за италијански бренд каде што кафето се одгледува во Јемен, од таму се обработува во Лондон за на краај да заврши во Милано од каде што е и овој бренд. Потоа одличната атмосфера буквално ние сме место за фамилијарни средби, бизнис состаноци или за кафе со добра книга, ги имаме многу. И секако презентацијата на храната како и нејзиниот вкус. Најпознати во тој дел ни се десертите кои се изработуваат од врвни француски слаткари. Јас претпочитам здрава и лесна вечера затоа Боби ми предложи да ја пробам нивната Мока Салата. Во кујната откако си добив капче нивниот шеф ми го објасни процесот и ја спреми салатата. За да станете шеф во Мокарабиа, мора да поминете обука кај главните шефови од неколку водечки гастро дестинации. Потребни состојки: Мешана салата (рукола, марула, црвена марула, бејби спанаќ) една рака 1 печурка (свежа) 3 Шери домати Аспарагус (неколку гранчиња) 1 Палмино срце (palm heart) 5 парчиња артичока За дресинг: 3 лажици мајонез Половина лимон 1 лажица маслиново Сол и бибер   Мешаната салата измијте ја, исушете ја и насечкајте ја по желба. Аспарагусот сварете го така што ќе го проварите во вода ,која врие 2-4 мин зависно од големината. Процедете го и оставете да се олади. Печурката насечкајте ја на листови и преполовете ги доматите. Стапчето палмино срце пресечете го на половина во должина извадете го средишниот дел и насечкајте. Во нашите маркети има артичоки во тегла само измијте ги пред да ги сервирате. [gallery size="medium" ids="8475,8477,8479,8480,8481,8482,8483"] Пригответе си чинија каква Вие сакате 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=