,

Рецепт Фалафел

Прв пат пробав во макробиотичкиот ресторан во скопјанка… Уф одамна беше тоа. За мене лично е одлична замена за ручек без месо, ем е вкусно ем заситува. Мислев дека е некое наше јадење сè додека не заминав во првата наша арапска земја од неколкуте и дознав дека всушност потекнува од Египет но многу земји од блискиот исток го присвоиле. [gallery size="large" ids="6272,6273"] Ајде ,засукајте ракавите и во кујна. Многу е едноставно,навистина! Потребни состојки: 400гр. Наут (не од конзерва) 20гр. Сусам 1 мала лажичка прашок за печиво 1 голема лажица коријандер 1 голема лажица црвен пипер 4 чешниња лук 1 главица кромид (средна) Магданос (една рака) 2 големи лажици маслиново Сол и бибер (секогаш и секаде)   За дресинг: 200гр. Тахини 2 големи лажици јогурт 1 лимон 2 големи лажици сусам 2 големи маслиново Сол и бибер Наутот покиснете го во вода и нека отстои цела ноќ. Наредниот ден ставете ги сите соостојки во блендер или мултипрактик и мелете додека не добиете хомогена смеса. Потоа проверете дали смесата е сува и леплива. Доколку е малку потечна додадете 2 до 3 лажици брашно од наут доколку немате ставете бело. Оставете ја смесата да отстои мин. половина час до 45мин. Потоа направете топчиња или мали плескавички и пржете во масло по желба. (Обидете се да биде поздрава варијанта од обичен зејтин). Може и да ги печете во  рерна на 200 степени околу 20 мин. Да добиете златно-кафена боја. За дресингот: исцедете го лимонот и во подлабок сад ставете ги сите состојки и мешајте да добиете хомогена смеса. Јас лично сусамот го тестирам неколку минути на тавче повкусно е. Но, може и така да го ставите. Готовиот фалафел може да го послужите како мезе или пак во тортиља со свеж зеленчук и тахини дресинг. Bon appetit. За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ