Рерната се загревa на 170 °С. Шеќерот се мати заедно со јајцата и маслото. Претходно изренданите моркови се додаваат во смесата. Се измешува. Се додава брашното и циметот и семеша додека да се добие хомогена смеса. Смесатa се пече во кружен плех претходно обложен со хартија за печење. Се пече 40 мин или додека тестото добие златнокафеава боја. Откако пандишпанот ќе се излади, се сече на 3 дела за да се добијат 3 посебни кори. За кремот: путерот, маскарпонето и шеќерот во прав се матат заедно. Се додава екстрактот од ванила и сè убаво се меша. Кремот рамномерно се распределува помеѓу корите. Се декорира по желба.