Ристо, среќни 43

Неговите идеи и умешност стојат зад плетивата на брендот Maison Margiela за 2016 и 2017. Нашиот креатор, кој родум е од Охрид, веќе извесно време работи за овој моден бренд, чиј главен дизајнер е контроверзниот Галијано од 2014 година. Модната икона, уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур, на доделувањето на наградите Тони, беше облечена во негова креација. Претходно работеше и за Кензо, Луј Витон, Мерк Џејкобс. Неговите модели беа дел од бројни едиторијали. Покрај модно моќната Ана Винтур, негови креации носеа и Кети Пери, Кортни Лав, Меги Гиленхал, Џена Малон, Михаела Конлин, Ејми Фергусон, Парис Хилтон и Тави Гевинсон, Сузи Бабл, а од домашните личности, облека со негов потпис носеше Каролина Гочева. Ристо Бимбилоски e еден од нашите најуспешни креатори со светска кариера. Тој денес слави роденден. Среќен роденден Ристо! Модно моќен и инспиративен уште многу години За Женски Магазин, Вики Чадиковска