РОДИТЕЛИ ПРОЧИТАЈТЕ: Не ги лечат децата само таблети, туку и ова

Уште една типична заблуда е дека постои лек кој може да го зајакне имунитетот на детето. Такви лекови не постојат, но она што е на полиците во аптеките, според еден светски лекар се „шарени лаги“. Ова го тврди Јевгениј Комаровски, познат лекар кој напишал многу книги за нега на децата. Тој за Спутник даде интервју во кое зборува за алергиите кај децата и за имунитетот. Објаснува дека луѓето воопшто  и децата имаат способност да се прилагодат на временските услови. „Промената на климата може сериозно да влијае на човечката цивилизација. Но, сепак е преувеличено влијанието врз едно дете. Животот на современото семејство се разликува од она што било пред 20 или 30 години. Поинаку е од негата на децата, до куќната техника, клима уреди, храната, но и времето поминато на свеж воздух, па и квалитетот на самиот воздух, рекреацијата, во училиште и слично. Посебно прашање е денешната медицинска етика. Паролата на агресивните фармаколози вели „нема здрави, само постојат оние кои не се темелно прегледани. Уште еден важен фактор се компјутерите кои влијаат на развојот на децата“- вели тој. Лекарот објаснува дека родителите му го обликуваат животот на детето. Ако не можат да му помогнат, тогаш се жалат на лош воздух, клима уред и слично. Лекарот вели дека ако сакате вашето дете да не боледува, тогаш треба да читате и да се интересирате. Но, порачува дека детето не треба да се храни премногу, или  да се чува во „стерилни услови“. Комаровски вели дека на детето му требаат мама и тато, а не „волшебни“ таблети, а дека е неопходно повеќе време да се поминува на свеж воздух.