Сана Атанасовска: твоја засекогаш

Ти го избрав најубавото годишно време ти ја подарив најубавата градина те засадив, ти расцуте големото враќање на старата љубов беше празник за душата усните ми се озборувачки облечени во црвено секоја ноќна светулка е факел во очите небото послано со ѕвезди е луксузен хотел за романтична ноќ ако заминеш пред да заминам ќе бидам прва што ќе заплаче последна што ќе те заборави ако ги сочувам младоста и гордоста твоја сум засекогаш. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска