Сања Атанасовска: бисер меѓу бисерите

И богатите градови со голема душа и сите пријатели и познаници пред тебе се мали и неважни мојата рамнодушност не кажува ништо ти си бисер меѓу бисерите заради твојата среќа можам да полетам вети ми дека нема да ја промениш адресата дека ќе ме чекаш во оние убави згради што го допираат небото и ако некогаш те одминам без поздрав разбери дека околностите биле поважни од емоциите а за лошата глума не грижи се ти си мој бисер меѓу бисерите. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска