Сања Атанасовска: во стаклената градина

Ме стемни во стаклената градина, од бракот на розата и зумбулот се роди кокиче.   Во буре со вино ме фрлија во просторот меѓу сонцето и месечината, молчејќи ѕвездите им ги ожнеав.   Жива ме вратија во стаклена градина да остарам, и да не се плашам од лошите луѓе, затоа што имам едно умирање и поезија за девет животи. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска