Сања Атанасовска: за тебе чувам сафири

Беше сакан, а несуден сега си само добар пријател ти што ја будиш пролетта во моите мисли за тебе чувам сафири кога другите ќе заминат ќе останеш ти и твоите топли зборови повредни од злато пред да заспијам ти праќам телепатски пораки ти си сакан и посебен за тебе, само за тебе чувам сафири. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска