Сања Атанасовска: иницијали

Истурив мастило врз твоите иницијали затоа црвенеам како булка ги отварам кафезите ги ослободувам птиците ги отфрлам стравовите и ги негирам извинувањата една врата заклучувам а отклучувам сто нови душата е слободна и збунета деновите се неотповикливо бреме заради твоите иницијали твоето его твоите траги во времето непремостено. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска