Сања Атанасовска: не тагувај

Не тагувај за возот што доцни за патување на кое нема да одиш за места кои нема да ги видиш за љубовта што нема да ја сретнеш не тагувај животот е овде и сега додека ти пишувам додека ме читаш додека го дишам мирисот на јоргованите во воздухот и секоја секунда ја исполнувам со себе. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска