Сања Атанасовска: слаба како силен ветер

Слаба сум како силен ветер мојата удобност е во сеќавањата. Облаци во три бои тежат врз моите очи кога ти ја враќам назад љубовта испратена во погрешно време. Кога здодевните луѓе ќе си одат ќе заспијам на постела од скинати весници. Слаба сум како силен ветер под моите нозе згазени цвеќиња молат за помош. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска