Сања Атанасовска: создавам хоризонти

Создавам хоризонти таму каде што ги нема од песок, пепел и бисери. Кога ме бараат мене ветерот ме собира во сенката на каменот. Во моите мисли само бранувања го кршат мразот на човековиот отпор кон убавото и вредното. Создавам хоризонти таму каде има траги на уметност под прстите на месечината по патот на поезијата. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска