Сања Атанасовска: сè ќе помине

Сè ќе помине и популарноста на книгата што ја читаш и тајните ќе бидат отворени кога ќе им помине рокот на употреба и љубовта и заљубеноста ќе се прегрнат и духот ќе биде слободен сè ќе помине животот ќе си ја истрча зацртаната патека набрзина светот ќе се преврти наопаку, а луѓето ќе останат исти. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска