Сања Атанасовска: ти и јас

Ти си свет без исток и запад ти си погрешна диоптрија на сонцето ти си сон што се остварува апетит што расте и амбиција што станува алчност ти си оган распален од ѕвезди заради тебе испаруваат сите лоши мисли ти си нишка од убавина и добрина, а бог не постои таму каде што се лошите луѓе ти си магија и совршенство, а јас сенка завеана со тага. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска