Сања Атанасовска: црни цветови

Паѓа ноќ тонам во длабок сон црни цветови растат во мојата душа не заради тебе што си одиш заради другите што остануваат во мојот живот тежок чекан е злобата фрлена од гневните на невините црни цветови се вијат во мојата душа сега сум сигурна во сон ќе ги пресечам ластарите. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска