,

СВАДБЕНИ ДЕКОРАЦИИ ОД МРАЗ НА 8-МИОТ САЕМ ЗА ВЕНЧАВКИ

Маријана, Зои Блаж, Јана Бурческа, Викторија Лоба се само дел од јавните личности кои ќе бидат дел од традиционалниот Саем за венчавки кој ќе се одржи по 8-ми пат годинава од 23 до 25 февруари во хотелот Александар Палас. Саемот e извонредно место за решавање на сите свадбени потреби и идеи. 50 -тина изложувачи од сите свадбени категории ќе ви ги претстават најновите свадбени трендови, а свадбената шопинг картичка ќе ви овозможи и голема заштеда при набавката на сите потреби за вашата свадба. Свеченото отварање е 23 февруари со почеток од 20 часот. И овој пат на ревијата ќе се појават познати македонски дами и џентлмени во венчаници и костуми, а целиот амбиент ќе биде во стилот на свадбена дизниева бајка. За убавата атмосфера на отворањето ќе се погрижат 12 дами (Пламенка Трајковска оркестар) кои со своите гудачки инструменти ќе не внесат во бајката на секоја принцеза. Главната улога на принцеза Пепелашка ја има прекрасната водителка Александра Велинова која ќе биде водител на тридневниот настан. Вториот и третиот ден е посветен на сите идни брачни парови и нивните најблиски. На простор од 1700м2 и 50 тина штандови ќе уживаат и ќе го планираат својот совршен ден. За сабота и недела се закажани неколку индивидуални модни ревии на венчаници, костуми како и работилници и презентации на невестинска шминка и фризура.