,

Светска премиера на „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски на фестивал во Сао Пауло

На 21 октомври во Сао Пауло, на најголемиот фестивал во Латинска Америка ќе биде прикажан филмот „Бикини Мун“. Ова е светска промоција на петтиот игран филм Милчо Манчевски. Тој ќе биде присутен за разговор со бразилската публика и за дискусија за моралноста и документарниот филм. Куриозитет е дека за првпат играат два филма од ист автор на еден фестивал – светска премиера на „Бикини Мун“ и бразилска премиера на кусиот експериментален „Крајот на времето“. Манчевски е популарен во Бразил уште од „Пред дождот“, освои награда токму во Сао Пауло и беше филм на годината и во оваа и во други земји во Латинска Америка. Во Сао Пауло јужноамериканска премиера имале и сите филмови на Манчевски, а на универзитетите во Бразил и Латинска Америка тие се дел од наставната програма. Бикини Мун“ е снимен во Њујорк, и е копродукција меѓу САД, Германија и Канада. Ова е првиот филм на Манчевски во кој не е вклучена Македонија. https://vimeo.com/233893310/dc560c7b10