,

Селена се расплака на сцена и наградата и ја посвети на пријателката

Актерката и пејачка ја доби Билбордовата награда за жена на годината. Во текот на говорот за благодарност, Гомез се расплака. Наградата и ја посвети на својата пријателка. Мислам дека оваа награда би требало да ја добие Франсија. Таа ми го спаси животот. Вистински сречко сум, рекла Селена Гомез (25) во емотивен говор на доделувањето на „Билборд“ наградите. Пејачката е прогласена за „жена на годината“. Селена помина низ тешки моменти во последните неколку месеци. Боледува од лупус (Лупусот е нарушување на имунолошкиот систем, кога имунолошките клетки ги напаѓаат здравите ткива во телото) поради што и требал нов бубрег. Нејзината пријателка, актерката Франсиа Раиси (29) и донираше бубрег, а емотивната фотографија од нив двете во болнички кревети е објавена и на социјалните мрежи. https://www.instagram.com/p/BZBHr4Pg5Wd/ -Ми го даде најголемиот можен подарок. Се жртвуваше за да ми подари бубрег. Неверојатно сум благословена. Ја сакам како сестра-кажа тогаш актерката. Селена додава и дека музиката и помогнала да се изрази и искаже благодарност кон своите обожаватели кои, покрај најблиските се нејзина најголема поддршка. Франсиа со Ел Фанинг на Селена и ја врачи наградата. Подоцна рече дека е среќна бидејќи имала шанса да и донира бубрег на својата најдобра пријателка. -Горда сум на неа. Прекрасно е да ја видите како прима ваква награда. Имав шанси да ја гледам како напредува во кариерата. Тоа е неверојатно - рекла Раиси.