Серена Вилијамс со ќеркичката на насловната страница на февруарскиот број на Vogue

Серена Вилијамс заедно со ќеркичката и сопругот сними фотосесија за февруарското издание на „Вог“. Славното семејство е фотографирано од реномираниот фотограф Марио Тестино. Сликата од мајката и ќерката е на насловната страница на февруарскиот број на Vogue. Ова ја прави малата Алексис Олимпија најмладата ѕвезда на корица за сите времиња. Во интервјуто Серена зборува за мајчинството, но и за нејзините спортски планови. Како мајка, открива дека постојано се грижи дека нема да биде доволно добра за да се справи со улогата. Посакува да ѝ го предаде силниот карактер на нејзината ќерка и таа да се бори. Слично како Серена. Мило ми е што имам ќерка. Сакам да ја научам дека не постои граница“, вели таа. „Ако треба да сум чесна, има нешто многу привлечно во идејата да се преселам во Сан Франциско и едноставно да бидам мајка“, изјавува таа.