,

Смели модни комбинации за смела и посебна Нова 2018-та

Уште неколку дена и одбројувањето може да започне! Новите почетоци и желби за нови постигнувања се веќе на повидок, листата на цели се нижи и се пополнува. Енергијата на 31 Декември е поинаква, си ветуваме на себе дека ќе бидеме подобри и ќе си посветиме повеќе време за себе, ќе отпатуваме на долгопосакуваната дестинација, ќе направиме нешто што отсекогаш сме сакале да го направиме, ќе бидеме похрабри и позрели на секое поле. Новогодишниот моден хаос е веќе на прагот, а дамите се во еуфорија каков фустан да се носи токму баш за оваа ноќ. Но, завршувањето на една година, секако треба да биде испратено во стил и со добро модно парче. Продавниците се преполни, попустите се веќе во тек, изборот преголем а времето ни летнува за час. Иако вкусовите се различни, и нема да Ви се налутиме доколку не ви фатат овие комбинации око, ние сепак потрудивме бар малку да Ви помогнеме и да ви дадеме идеја што би можеле да носите токму за оваа ноќ • За Вас, ги одбравме продавниците ZARA, STRADIVARIUS и MANGO, каде комбиниравме различни стилови и различни материјали кои оставаат впечаток и даваат акцент на најубавата ноќ во годината. Уживајте!