,

Соберете пред сите со Стопанска банка а.д. Битола

Соберете пред сите е еден од производите на Стопанска банка а.д. Битола кој ви нуди најсоодветно решение при вложувањето на вашите средства. Овој производ овозможува сите предности од орочувањето на вашите пари да ги почувствувате во моментот на орочување. Со оваа единствена понуда на Стопанска банка а.д. Битола каматата за орочените средства целосно ја добивате однапред, на денот на вложување на вашите пари. Овој депозитен производ со антиципативна пресметка на каматата овозможува орочување на  вашите пари во МКД/ЕУР и е поволен за сите оние кои се одлучиле да ги заштедат своите пари,  воедно искористувајќи ја оваа бенефиција која  ја нуди Стопанска банка а.д. Битола. Периодот на орочување на депозитот со антиципативна пресметка на каматна стапка е 15 месеци, а минималниот задолжителен влог изнесува 6.000 денари или 100 евра. Каматната стапка изнесува  МКД 2% / ЕУР 1,5%. Истата е фиксна за целиот период на времетраење, а на годишно ниво изнесува МКД 1,6%/ ЕУР 1,2%. Соберете пред сите е еден од најатрактивните и најбараните производи на Стопанска банка а.д. Битола кој на клиентите им овозможува да бидат чекор пред другите во процесот на штедење и вложување на своите пари.