,

Создај илузија на сребрена или златна нараквица со помош на врвка

Со помош на сребрена или златна врвка може да предизвикате илузија како вашата нараквица да е всушност направена од сребро или злато. Со само неколку потези, многу брзо и многу лесно може да ја изработите. За изработка потребно ви е: сребрена или златна врвка, закопчувачи со плочки, конец (обичен или рибарски), монистра и клешти.

Најпрвин земете ја врвката и направете јазол како на првата слика. Откако ќе го направите првиот јазол, протнете полусвиткана врвка, а низ неа уште една и полека затегнете. Земете мерка на вашиот зглоб, за да знаете колку јазли да направите.

Кога ќе завршите со јазлите, протнете конец (рибарски или обичен) низ почетниот јазол и заврзете го.

Потоа почнете со нижење на монистрата, по секоја монистра протнете го конецот низ јазлите и затегнете го.

Кога ќе завршите со нижењето монистра, земете ги плочките и притиснете ги со помош на клешти на краевите од врвката, а потоа протнете го закопчувачот.

Па, доколку ви се допаѓаат, обидете се и вие да направите.

  За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер