,

Софија Вергара најплатена ТВ-актерка за 2017 година

Угледното списание „Forbes“ ја објави листата на највисоко платени ТВ-актерки за 2017 година, сметано од 1 јуни, 2016 до 1 јуни, 2017 година според нивните хонорари во сериите во кои играат во моментов, како и хонорари од реклами и други ангажмани. Колумбиската актерка Софија Вергара која игра во ТВ-серијата „Modern Family“ во 2017 година заработила 41,5 милиони долари и со тоа по шести пат се најде на врвот на листата најплатени ТВ-актерки.