Среќна 40 Амернис

Таа е оној прекрасен и моќен лик кој се следи на театарските штици, на филмското платно, но и во модните збиднувања. Нејзиниот глас го слушаме во синхронизациите на сериите или на одредени рекламни спотови. Беше вклучена во многу кампањи во кои фокусот беше насочен кон припадничките на понежниот пол. Беше дел од кампањата против женското насилство во Македонија, но и кампањата за поддршка на болните од рак во Косово. Во моментов е актуелна во телевизиската серија Терапија, каде ја толкува улогата на Ана Терзиева. Серијата се емитува на телевизија Сител. Амернис Нокшиќи Јовановска астролошки им припаѓа на Вагите. Денес слави роденден. Среќна јубилејна 40ка од тимот на  Женски Магазин, драга Амернис.