Таа е убава, стилска и опасна: Највлијателната жена во медиумите!

Главната уредничка на списанието Vogue Ана Винтур е највлијателната жена во медиумите и шоу бизнисот според листа на списанието Форбс. Винтур е уметнички директор на Конде Наст. Второто место на листата го зазема Бони Хамер, која управува со NBC Universal, а потоа и Стејси Снајдер, извршен директор на Twentieth Century Fox. Бијонсе е позиционирана четврта. Челната петорка го дополнува главниот уредник на руската телевизија Ер Те Маргарита Симонјан. Во топ 15 на листата се вклучени исто претседателот на „Лукасфилм“ Кетлин Кенеди, пејачката Тејлор Свифт, писателката Џоан К. Роулинг и актерката Пријанка Чопра.