,

Табела за заспивање на децата која ги шокира родителите

Основното училиште Вилсон од САД на својата Фејсбук страница, стави таблица за спиење која предизвика бројни реакции. Споделена повеќе од 380 000 пати. Речиси секој родител барем еднаш се запрашал, дали го легнува детето во вистинско време. Неодамна на Фејсбук страната на една американска школа е објавена таблица која предизвика бурни реакции од родителите. Сите знаат дека спиењето е важно за развој на детето. Кога тоа е будно, постепено се нарушува физиолошката рамнотежа во организмот, па спиењето е нужно за да се воспостави таа рамнотежа. „На деца од училишна возраст им се потребни 10 до 11 часа сон. Тоа не е чудно бидејќи учениците имаат се повеќе обврски, тука е учењето и пишувањето на домашни задачи, па тренинзи, или, да речеме музичко школо“, вели Ана Каракаш, проф. Дефектолог. Ако детето мора прерано да оди на спиење, ќе се спротивставува и ќе му треба долго време да заспие. Ако пак, легнува предоцна, колку и поскоро да заспие, следниот ден ќе биде исцрпено. Основното училиште Вилсон од САД на својата Фејсбук страница стави таблица за спиење која предизвика бројни реакции и е споделена повеќе од 380 000 пати. Таблицата за спиење на децата точно го одредува времето кога вашето дете треба да оди в кревет, зависно од возраста, но и времето на будење. (Будење во 6 наутро е грешно кај 8-годишници. Мора да се будат во 7.30, а не во 19.30 ч). Во повеќето семејства денес, двајцата родители работат поголем дел од денот, па вечерта е единствено слободно време за дружење. Затоа и децата подолго се будни. Така да се создава и лоша навика на прекасно легнување в кревет. Понекогаш е виновно и гледањето на телевизија или играње игри на компјутер. Вистина е дека децата би требало порано да одат в кревет, прашање е само колку. Ви донесуваме неколку коментари од родителите и Ве повикуваме и Вие да го напишете своето мислење во коментари на Фејсбук.
  • „Моето мислење: многу мал процент на деца тоа го прават!“
  • „Амин! Престанете да ги водите малите на вечера во 8 или 9 часот и очекувајте убаво да се однесуваат!!! Тие се изморени и им треба сон! Не гласен ресторан!!!
  • „Токму така-во вашите соништа“!
„Тоа е вистина. Моите деца се будат во 6.30 и мојот син кој има 8 години, оди во кревет во 8, а 10 годишниот во 8.30 ч, а тоа е токму она што графиконот го кажува. Одлични насоки. - „Не гледам никаде полноќ на табелата – хаха“!